Црна хроника
Во Франција, Шпанија и Белгија запленети над тон марихуана
Повеќе од тон марихуана се запленети изминатиот викенд откако била разоткриена мрежа на кримучари на дроги Франција којашто се протегала и во соседните Шпанија и Белгија, пренесува во четвртокот AFP повикувајќи се на полициски извори.
Првата заплена на 370 килограми марихуана била изведена во југозападна Франција, што овозможило потоа да се разобличи шверцерската мрежа и да се запленат уште 700 килограми од овој вид дрога во Шпанија и во Белгија, рекол за агенцијата неименуван извор близок на истрагата.
Тројца Французи, меѓу кои еден 60-годишник и двајца 20-годишните, биле уапсени минатиот петок во хотел во градот Тулуз. Тие од Шпанија превезувале 370 килограми канабис во два автомобила.
Истрагата на француската полиција покажала дека станува збор за развиен криумчарски канал кој се протегал од Малага во јужна Шпанија, каде што француските полицајци изминатиот викенд го уапсиле водачот на групата од Мароко. И заплениле речиси 400 кгр марихуана.
Во одвоена операција истражните органи откриле уште 300 кгр марихуана во Белгија. Полициите во споменатите акции привеле неколку лица, прецизирал изворот. /крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.