Црна хроника
Во Италија запленети уште пет машини за печатење лажни евра
Италијанската финансиска полиција во четвртокот во складиште на една фабрика јужно од Неапол заплени пет софтистицирани машини користени за изработка на лажни пари и снопови од недовршени банкноти од 50 евра кои би направила вкупна сум поголема од 50 милиони евра.
Станува збор за една од најголемите заплени од овој вид последните години, објави полицијата во гратчето Ночера Инфериоре. Судот издал налог за апсење за пет мажи осомничени за печатење на лажните евра, а истрагата се шири, бидејќи се верува дека станува збор за широка мрежа.
Италија, а особено областа на Неапол каде што е силно изразен организираниот криминал, е центарот на печатењето на лажните евра.
Во септември минатата година полицијата уапси маж од Неапол со 17 милиони евра во лажни банкноти од по 50 евра, а во декември во контејнер во неаполското пристаниште пронајде и заплени 556 илјади лажни монети од евра исковани во Кина.
Откривањето на повеќе од милион делумно довршени банкноти од 50 евра во четвртокот е повеќе од 331.000 лажни банкноти во различни апоени кои Европската централна банка (ЕСВ) ги повлече во првите шест месеци од 2014 година./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.