Црна хроника
Во Куманово прегазен пешак кој стоел надвор од коловозот, тешко повредени и тракторист и велосипедист во сообраќајки
Пешак, велосипедист и тракторист се тешко повредени во три одделни сообраќајки што се случиле во Куманово, тетовско и струмичко.
Пешакот во Куманово бил прегазен во четвртокот околу 7.52 часот на крстосницата од улиците „Тоде Мендол“, „Есперанто“ и „Романовски пат“. Во несреќата се судриле автомобил „ауди А4“ и „мазда“ и двете со кумановски регистерски таблици. При судирот „аудито“ излетало од коловозот и удрило во шеесет и шестгодишен пешак, кој стоел надвор од коловозот, Повредениот пешак бил пренесен во кумановскаа болница, но поради тешките повреди е префрлен во Ургентен центар Скопје.Сообраќајката во тетовско се случила на локалниот пат во селото Теарце во четвртокот вечерта во 21.45 часот. Во сударот учествуале велосипед управуван од триесет и едногодишен жител на Теарце, друг велосипед управуван од дваесетгодишен соселанец и дваесет и деветгподишен пешак од истот село. Со тешки повреди се здобил едниот велосиедист кој како итен случај е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а полесно повреден е пeшакот. Трактористот е тешко поведен во средата во струмичкото село Костурино. Педесетгодишниот струмичанец управувајќи трактор натварен со огревни дрва околу еден кубен метар, се превртел при што се здобил со повреди во пределот на левото рамо и градниот кош. Со тешки повреди е пренесен во Клинички центар Скопје./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.