Црна хроника
Во неколку сообраќајки еден починат, двајца се борат за живот
Едно момче почина, две други се борат за живот, а уште двајца и едно дете се повредени, во три одделни сообраќаји што се случиле во неделата во Тетовот, Скопје и во Гоствар.
Имено, во сообраќајна незгода што се случила во во 10.05 часот во Скопе на ул. „Александар Урдаревски“ , автомобил „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.Б. (22) од Скопје, удрил во оградата на ТП „Винце Комерц“. На местото на настанот починал сопатникот Т.М. (23) од Скопје. Возачот К.Б. со екипа на Итна медицинска помош бил однесен во болницата „Св.Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност. Истиот ден, во 3.50 часот на регионалниот пат Волковија-Тетово се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Форд Ескорт“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ж.Б. (21) од Тетово, излетал надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди, опасни по живот, се здобил сопатникот во Ј.И.(21), а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Ѓ.Ј. (21), сите од Тетово. Тројцата се пренесени во Клинички центар-Тетово, каде им е укажана лекарска помош, а Ј.И. како итен случај е префрлен во Ургентен центар-Скопје, каде е задржан на лекување. Исто така, во неделата, околу 13 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Пасат“ со албански регистарски ознаки, управуван од непознато лице, удрил во седумгодишно дете од село Врапчиште, по што избегал. Детето било пренесено во Ургентниот центар во Гостивар, каде му е укажана лекарска помош и констатирани му се тешки телесни повреди, по што било пуштено на домашно лекување. Во сите сообраќајни незгоди полицијата извршила увид, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.