Црна хроника
Во пет сообраќајки еден загинат и петмина повредени
Во саботата вечерта и во неделата се случиле повеќе сообраќајни незгоди на територијата на Македонија, при што еден загинал, а петмина се повредени.
Во саботата вечерта и во неделата се случиле повеќе сообраќајни незгоди на територијата на Македонија, при што еден загинал, а петмина се повредени.
Така, во неделата околу 13.40 часот во Струмица, на регионалниот пат село Мокрино-село Мокриево, се случила сообраќајна незгода во која Д.Ц. од село Колешино, управувајќи мотоцикл непозната марка, изгубил контрола над истиот и излетал од патот. Од здобиените повреди Д.Ц. починал на местото на настанот. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Во сабоатата вечерта околу 23.50 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село, во село Босилово, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Ауди А4“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.К. (27) од село Босилово и автомобил „БМВ 520“ со странски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д. (43) од село Иловица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот„Ауди“ на кого му била укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица, но поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица. Истата вечер, во 22.25 часот на регионалниот пат Струмица-село Вељуса се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Фолксваген Пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Д. (59) од село Добрејци, удрило во пешак В.М. (61) од село Баница. Во незгодата пешакот се здобил тешки телесни повреди. Истиот бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Во неделата пак, околу 20.15 часот на патот Тетово – Јажинце, кај село Порој, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.К.(45) од село Порој и мотоцикл „Крос Кавасаки“, управуван од А.Д. (20) од село Џепиште. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.Исто така, во неделата околу 23.30 часот на автопатот Тетово – Скопје, после наплатната рампа Групчин, се случила сообраќајна незгода во која Комбе со германски регистарски ознаки, управувано од А.Ф. од Скопје и автомобил „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В. (36) од Скопје удриле во мечка, која е усмртена на местото на настанот. Во незгодата со телесни повреди се возачот и сопатничката во автомобилот „Сеат Леон, Ј.М. (36) од Скопје, кои со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицински центар Тетово и Клинички центар Скопје и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово./крај/мф/бб
Извор: Архива Макфакс – Илустрација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…
Црна хроника
Четири лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле во полициска станица дека биле искасани од кучиња скитници вчера во Скопје.
На 26.03.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Центар, А.К.(24) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Центар, И.А.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Радњанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Центар, В.В.(57) од Охрид пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.К.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ во Скопје била касната од куче скитник.