Црна хроника
Во повеќе сообраќајки четири лица со скршеници
Во четири одделни сообраќајки, во саботата четири лица се здобиле со потрес на мозок, скршеници на клучни коски, скршеници на ребра, потколеница, надколеница и други повреди.
Имено, во 22,14 во Скопје на патот за Долна Матка случена е сообраќајна незгода во која Љ.И. (28) од Скопје управувајќи автомобил „Голф“со скопски регистерски ознаки излетал од патот. Во незгодата со скршеница на клучна коска се здобил совозачот С.Р. (40) од Скопје.
Истиот ден, околу 20 часот во Струмица на бул.„Ленинова“случена е сообраќајна незгода во која А.Д. (28) од Струмица управувајќи автомобил „Голф“ со струмички регистерски ознаки удрил во пешакот В.В. (70) од Струмица. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди потрес на мозок, фрактури на десна надколеница, ребро и два пршлени, набиеници на граден кош и бил пренесен и задржан на лекување во Медицинскиот центар-Струмица.
Околу 21.30 часот во село Групчин-тетовско, поточно на крстосницата од регионалниот пат Скопје-Тетово со локалниот пат за село Чифлик, случена е сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Форд Фиеста“ со тетовски регистерски ознаки управувано од К.С. (30) од село Копачиндол, и камион „Мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од М.Р. (42) од село Добарце. Во незгодата сопатникот од автомобил „Форд Фиеста“ К.К. се здобила со фрактура на десна подколеница и истата била пренесена во болницата Тетово и по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување.
Околу 21.20 часот на локалниот пат Македонска Каменица-село Моштица, случена е сообраќајна незгода во која Б.Ц. (22) од Македонска Каменица, управувајќи автомобил „Рено Меган“ со регистерски ознаки од Македонска Каменица изгубил контрола над возилото, излетал од патот и паднал во провалија длабока околу четири метри. Во незгодата сопатничката од возилото С.Ѓ. (28) од Македонска Каменица, се здобила со фрактури на лева клучна коска и плешка, нагмечување на граден кош и глава и била пренесена и задржана на лекување во болницата Штип.
Увид на сообраќајките извршила увидна екипа од полицијата. Се работи на целосно расчистување на случаите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.