Црна хроника
Во Прилеп полицајци настрадаа во напади на толпа и навивачи
Вкупно пет полицајци, од кои тројца припадници на Шумската полиција, се повредени во саботата попладнето во Прилеп во два одделни инцидента во напад на толпа и при смирување безредие на фудбалски натпревар.
Едниот инцидент се случил на прилепскиот градски стадион „Гоце Делчев“ на мечот меѓу домашната Победа и скопскиот клуб Македонија Ѓорче Петров, по прекинот во 72 минута, откако поголема навивачка група влетала на теренот незадоволни од судиска одлука.
Притоа физички бил нападнат главниот судија на натпреварот, а при обезбедувањето на судиската екипа, делегатот, гостинската екипа и другите официјални лица на натпреварот, биле повредени двајца униформирани полициски службеници кои се здобиле со телесни повреди.
Натпреварот бил следен од околу 2.500 до 2.800 гледачи, меѓу кои биле и навивачките групи „Мајмуни“ и „Маркови внуци“.
Речиси истовремено, околу 18 часот, тројца службеници на Шумската полиција при вршење редовна контрола на теренот со службено возило, по свртувањето од улицата „Тризла“ по улицата „Гостиварска“, биле пресретнати од поголема група луѓе. Еден од групата со метална шипка ги оштетил хаубата и предното ветробранско стакло на џипот „лада нива“, а друго лице го скршило задното ветробранско крило.
Откако шумските полицајци излегле од возилото, двајцата биле турнати од толпата и удирани во главите со шишиња, а третиот бил нападнат од толпата по што останал да лежи на тротоарот. Откако толпата се разбегала, тој бил префрлен во Градската болница Прилеп, каде што се констатирани повреди на лицето.
Засега нема информација за причината за овој тежок напад, а прилепската полицијата работи на идентификување и приведување на сторителите./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.