Црна хроника
Во САД ограбени при транспорт 4,8 млн долари во злато
Тројца вооружени мажи кои се во бегство откако ограбиле злато во вредност од 4,8 милиони американски долари од блиндиран камион кои го превезувал по автопат во источниот дел од американската сојузна држава Северна Каролина.
Двајцата вооружени обезбедувачи коишто ги изнајмила транспортната компанија „TransValue Inc.“, објави американската полиција во понеделникот за грабежот кој се одиграл изминатата ноќ.
Стражарите изјавиле во полициското сослушување дека нивниот камион кој превезувал пратка злато и сребро од Флорида во Масачусетс имал механички проблем, додека се наоѓале на околу 80 километри од главниот град на Северна Каролина – Роли, па застанале на помошната лента.
Додека биле паркирани им пришле тројца вооружени мажи во комби, им наредиле да легнат на земјата и им ги врзале рацете на грбот. Ги натерале да одат во шумата и потоа заминале со златните прачки со тежина од околу 125 килограми чија вредност е проценета на 4,8 милиони долари, соопшти полицијата.
Транспортната компанија на блиндираните возила „ Transvalue Inc“ од Мајами понуди награда од 50.000 долари за откривање и апсење на ограбувачите./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.