Црна хроника
Во септември судење за сообраќајката кај Католичка црква
На 30-ти септември е закажано судско рочиште за сообраќајката што се случи кај Католичка црква, во центарот на Скопје кога беше прегазен тинејџерот Иван Белински кој поминувал на пешачки премин, соопштуваат од Основниот суд 1.
Дваесетгодишниот Џенис Мекиќ, кој е обвинет дека со џип „туарег“ со голема брзина го прегази шеснаесетгодишниот Иван Белински не е во притвор, ќе одговара за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.Сообраќајката се случи на 15-ти ноември минатата година, а обвинение за случајот беше покренато на 5-ти мај.Според обвинението, Мекиќ управувал со патничко моторно возило по левата сообраќајна лента од улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. Кога дошол на крстосницата со улицата „9-ти Мај“ не ги пропуштил пешаците кои започнале да чекорат на обележаниот пешачки премин.„Обвинетиот го управувал возилото со недозволена брзина на движење од 100 км на час, која не била приспособена кон својствата и состојбата на патот, атмосферските услови, прегледноста, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го зaпре возилото пред секоја пречка што во дадените услови може да се предвиди. Со предниот дел од возилото удрил во телото на пешак кој, заедно со уште двајца пешаци, на обележан пешачки премин го поминувале коловозот. Како резултат на ударот и падот на пешакот на коловозот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди што довеле до развивање на трауматски шок, пореметување и престанок на функцијата на важни витални органи и починал“, се вели во обвинението.Последната сообраќајка во којашто беше прегазен пешак се случи пред две седмици, кога автомобил „опел“ со огромна брзина ја прегази новинарката Сузана Тодоровска-Павлоска која се движела по тротоар и се заби во излог на фризерница. Возачот бил пијан и дрогиран и му е одреден триесетдневен притвор.Претходно во сообраќајка настрада и студентка од Кирва Паланка./крај/мф/ффс
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во Ѓорче Петров
Триесет и четиригодишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг М.П.(28) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете нападнато од неколку соученици во Скопско
Малолетно момче вчера на пладне било нападнато од неколку соученици во Булачани, Скопско.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на детето.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка
Вчера во скопската населба Аеродром, по претходна расправија за паркинг, настанала физичка пресметка помеѓу И.С.(31) и М.Љ.(60), двајцата од Скопје, при што М.Љ. употребил и метален предмет, oбјави МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.