Црна хроника
Во сообраќајки загина едно дете, а десетина лица се повредени
Во пет одделни сообраќајни незгоди што се случиле на територијата на Македонија, како што јавивме загина едно петгодишно девојче, а други десет лица се здобиле со потешки или полесни повреди.
Во пет одделни сообраќајни незгоди што се случиле на територијата на Македонија, како што јавивме загина едно петгодишно девојче, а други десет лица се здобиле со потешки или полесни повреди.
Имено, во неделата во 2 часот во Скопје на ул. „11-ти Октомври“ случена е сообраќајна незгода во која автомобил „Матиз“ со скопски регистерски ознаки управувано од Д.Т.(31) од Скопје удрил во 17-годишен пешак. Тој се со тешки телесни повреди по што бил пренесен и задржан во ургентниот центар „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување.
Во саботата, околу 17.30 часот на регионален пат Куманово-Скопје кај село Никуштак случена е сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Рено“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.Ј.(50) од Кратово и „Ауди А4“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.С.(37) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.С. кој со брза помош бил пренесен во болницата во Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан за понатамошно лекување, додека сопатникот С.С. со друго возило бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Исто така, во саботата околу 18.30 часот во Скопје на крстосницата од булеварите „Илинден“ и „8-ми Септември“, случена е сообракајна незгода помеѓу „Ровер“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.Н. (50) од Скопје и „Сеат Алтеа“ скопски регистерски ознаки управувано од Л.И. од Скопје. Во незгодата со тешки теллесни повреди се здобил С.Н. и со брза помош бил пренесен во Ургентен центар и истиот бил задржан на понатамошно лекување.
Во Куманово, пак, во саботата околу 16 часот на крстосницата од улиците „Тоде Думба“ и „Билјановска“ случена е сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Хонда“ со бугарски национални ознаки управувано од К.А.Л.(30) од Софија, Бугарија и автомобил „Тојота Авенсис“ со кумановски регистерски ознаки управуван од С.К.(48) од Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобил С.К. и сопатничката од „Хондата“, Ј.А.Л.(32) од Софија, кои, по укажаната лекарска помош во болницата во Куманово, биле пуштени на домашно лекување.
Како што претходно пишувавме, во саботата околу 14.50 часот на магистралниот пат Прилеп – Градско пред крстосницата за село Дреново, се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Форд Фиеста“ со велешки регистарски управувано од С.Д. (42) од Демир Капија удрило во брегот од десната страна и се превртело на коловозот. Во незгодата на самото место починало пет годишно девојче сопатник во возилото. Возачот се здобил со тешки телесни повреди. Сопатничка М.Д.(67) се здобила со телесни повреди и на истите им била укажана медицинска помош во болницата во Кавадарци и биле задржани за понатамошно лекување, додека сопатникот И.Д.(67) се здобил со телесни повреди, а лекарска помош му била укажана на самото место од екипа на брзата помош. Увид на местото на настанот извршиле екипа од ПО БПС Кавадарци и ЈО, по чија наредба телото на починатата е предадено на обдукција./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.