Црна хроника
Во сообраќајна несреќа повредени 18 мигранти
Осумнаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа која се случила околку полноќ на патниот правец Градско Велес. Несреќата ја предизвикал возачот на патничкото комбе во кое мигрантите се превезувале.
На полицискиот знак возачот да го запре возилото според информациите со кои располага велешкиот портал Лисица.мк, тој незапрал туку се дал во бегство. Во непосредна близина на месноста Венуле од засега непознати причини комбето излетало од патот.
Од СВР Велес го потврдуваат настанот.Информираат дека возачот на патничкото комбе е во полициската станица а повредените мигранти во велешката болница.
Од таму информациите говорат дека две лица се имаат здобиено со тешки телесни повреди. /крај/лисица/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.