Црна хроника
Во Струга конфискувани 4 кгр злато
Во акцијата на пазарниот инспекторат од неколку златарници во Струга одзеде околу четири килограми злато, а во Охрид златен накит од околу 500 грама, соопшти во петокот Секретаријатот за внатрешни работи Охрид.
Во акцијата на пазарниот инспекторат од неколку златарници во Струга одзеде околу четири килограми злато, а во Охрид златен накит од околу 500 грама, соопшти во петокот Секретаријатот за внатрешни работи Охрид.
Петнаесет златарски дуќани и една бетонска база во Охрид и Струга беа контролирани во четвртокот во заедничката акција на полициски службеници, инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП) и Републичкиот пазарен инспекторат.
Притоа регистрирани се низа прекршоци според законот за регистрирање на готовински плаќања, законот за платен промет и законот за трговија. Седум златарници во Охрид и осум во Струга, како и една бетонска база во Охрид се затворени од страна на Управа за јавни приходи.
Поради неиздавање на фискални сметки на правните субјекти изречени им се парични казни од 3.250 евра и 15 дена затворање на деловниот субјект. На бетонската база во Охрид изречена е парична глоба од 3.250 евра, односно 2.500 евра за правниот субјект и 750 евра за одговорното лице./крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.