Црна хроника
Во Струмица во возило откриена копија од избирачки список
Во саботата, при вршење на контрола на патниот сообраќај на крстосницата од улиците „Ленинова“ и „24-ти Октомври“ во Струмица, околу 14.30 часот од страна на полициски службеници било сопрено возило „фиат“ во кое е најдена копија од избирачки список и список со имиња и матични броеви на лица, соопшти во неделата министерството за внатрешни работи.
Возилото било управувано од 52-годишниот Б.Г. од Струмица, а во кое како сопатници биле и лицата Е.Ф. (44), А.А. (32), А.А. (55) и К.А. (37), сите од Струмица.
При првичниот преглед на возилото, во багажниот простор била пронајдена копија од избирачки список, како и тетратка со име и презиме и матични броеви на лица од ромска националност и броеви на избирачки места каде истите треба да го остварат своето право на глас.
Поради постоење основи на сомнение дека лицата се сторители на кривичните дела „злоупотреба на лични податоци“, „повреда на слободата на определување на избирачите“ и „поткуп при избори и гласање“ било известено Основното јавно обвинителство во Струмица. Од Судија на претходна постапка била добиена наредба за личен претрес на наведените лица, за претрес на возилото и за одземање на мобилните телефони. Постапено е по истите наредби и согласно обезбедените докази ќе биде поднесен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР: Уапсено е момче кое во Аеродром се истепало со двајца малолетници
Денеска во 2.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интрвентна полиција при СВР Скопје го уапсила Л.А.(18) од Скопје затоа што во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со двајца малолетници од с.Јегуновце, тетовско и с.Крушопек, општина Сарај.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од полицијата.
Црна хроника
Пронајдена рачна бомба на Зелениот пазар во Тафталиџе
Вчера во 19.27 часот во СВР Скопје, вработен како обезбедување на Зелен пазар – Тафталиџе пријавил дека околу 19.20 часот во кругот на пазарот пронашол една рачна бомба.
Увид бил извршен, а екипа од антитероризам безбедно ја подигнале бомбата за понатамошна постапка.
Црна хроника
Кичевец при нелегален транспорт на огревно дрво прегазил шумски полицаец
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против В.Р.(33) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.
На 27.11.2024 на локален пат во кичевското село Осој, тој бил затекнат од патрола на Шумска полиција при нелегален транспорт на огревно дрво со возило „лада нива“.
Притоа, тој не застанал на даден знак од овластените службеници на шумската полиција и со возилото удрил еден шумски полицаец, по што избегал. По преземени мерки, В.Р. бил пронајден и лишен од слобода.