Црна хроника
Во тетовско откриени пет локации засадени со канабис
Во продолжената акција на Секторот за внатрешни работи Тетово за откривање и отстранување насади со канабис сатива во средата на на пет различни парцели во атарите на тетовските села Непроштено и Лешок, се пронајдени и со соодветна судска наредба искорнати вкупно 3.230 стебла од растението од кое с добива марихуана, со големина од половина до два ипол метра.
Две од споменатите вкупно пет парцелите биле дополнително лоцирани при преглед на поширокото подрачје, а биле камуфлирани со тоа што биле земјоделски обработувани и засадени со пченка.
Во координација со Јавен обвинител, пронајдените стебла канабис сатива подигнати и донесени се во Секторот за внатрешни работи Тетово, а дел од нив ќе бидат испратени на вештачење.
Тетовската полиција, исто така, презема активности за утврдување кои се сопствениците или закупците на двете обработувани парцели, но и кога и како изникнале пронајдените стебла на другите три локации./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.