Црна хроника
Во валандовско ограбени неколку марокански државјани
Во петокот во 15 часот во полицската станица во Валандово, И.С. од Мароко пријавил дека истиот ден околу 13 часот на локалниот пат за село Грчиште, од страна на две непознати лица со автомобил, му било извршено разбојништво.
Според Мароканецот И.С., лицата застанале со возилото, му понудиле превоз и по кратко време откако тој се качил во возилото го удириле во пределот на главата му побарале пари, по што оштетениот им дал 400 евра.
Истиот ден во полициската станица Валандово, Р.Е. од Мароко, пријавил дека истиот ден околу 8 часот на м.в.„Марвинска петља“ поточно на раскрсницата за село Грчиште од страна на пет лица му било извршено разбојништво на него и над Х.Х. и Ф.А., исто така од Мароко.
На горенаведените марокански државјани најпрво едно лице им понудило за 130 евра да им обезбеди превоз, но додека разговарале им пришле уште четири лица од кои едното лице извадило пиштол и насилно им ги одзело ранците и мобилен телефон марка ,,Сони“. Х.Х. се спротивставил по што едно лице го удрило со нога, а потоа го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата настани, сооштуваат од МВР./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.