Црна хроника
Војник на АРМ се повредил додека стражарел во касарната во Прилеп
Професионален војник на АРМ, кој во четврток вечер вршел стражарска должност во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, се застрелал во стомакот со автоматска пушка, информираат од Министерството за одбрана.
Професионалните војници кои биле на должност, веднаш му пружиле прва помош, а за кратко време војникот бил пренесен во градската болница во Прилеп, каде било констатирано дека кај него има влезно-излезна прострелна рана во пределот на стомакот. Синоќа, војникот е пренесен во Ургентниот Центар во Скопје, каде му е извршена хируршка интервенција и е вон животна опасност, во стабилна здравствена состојба.
За случајот се известени надлежните судски органи, органите на МВР и дежурната служба на Воена полиција, кои се излезени на лице место за да ги утврдат причините поради кои дошло до истрелување на куршум од личното вооружување и повреда на војникот.
„Врз основа на првичните сознанија, пред извршување на должноста, согласно Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе во АРМ, навремено и целосно е извршена подготовка на комплетниот состав на лицата кои извршуваат стражарска служба во гарнизонот Прилеп, при што е утврдено дека професионалниот војник кој се повреди, бил во добра здравствена и психофизичка состојба“, се вели во соопштението од Министерството за одбрана. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.