Црна хроника
Вооружен грабеж на бензинска кај Куманово
Вооружен грабеж се случил ноќеска околу полноќ на бензинската пумпа „Китка Петрол“ лоцирана на маг. пат Куманово – Крива Паланка во населбата Карпош.
Според билтенот на МВР, две машки лица маскирани со фантомки на глава, ракавици и пиштоли во рацете, влегле во бензинската пумпа, при што едното му вперило пиштол во глава на вработениот и потоа два пати го удрило со пиштол во предел на главата, му ги одзело парите од дневниот пазар, а потоа и парите од фиоката (околу 7.000 денари), додека другото лице влегло во канцеларија кај втората вработена и со закана и барало пари.
Сторителите одзеле повеќе кутии со разновидни цигари и лименки со пијалоци, по што побегнале во непознат правец. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на непознатите лицата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.