Црна хроника
Воз усмрти уште еден мигрант
Мигрант од Сирија е прегазен од воз во саботата вечерта додека се движел по железничката пруга кај Неготино, соопшти во неделата МВР.
Несреќата се случила во 18,15 часот на железничката пруга Неготино, поточно кај м.в.„Лагот“, при што брзиот воз бр.334, кој сообраќа на релација Гевгелија-Скопје, удрил во лицето Зијуат Ј.(56) од Сирија, кој починал на лице место.
Во моментот на незгодата биле присутни уште шест лица сириски државјани, кои ќе бидат однесени во Прифатен Центар Скопје.
Увид на лице место извршла екипа од ПС-Неготино. По наредба на ЈО, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Ова е втор смртен случај на мигрнт кој бил прегазен од воз за само два дена, откако ноќта во петокот кон саботата мигрант од Авганистан беше прегазен од товарен воз кај Велес. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.