Црна хроника
Возач на автобус од Македонија предизвикал сообраќајка во која загинаа две деца во Србија
Возач на автобус од Македонија кој сообраќал од Гостивар за Виена е осомничен дека предизвикал сообраќајка во Србија во којашто загинаа две деца, а десет други лица се повредени.
Во тешката сообраќајка на автопатот близу Крњево кај Велика Плана, ноќта меѓу саботата и неделата околу 2.20 часот загинаа две деца, германски државјани, бебе од неколку месеци и седумгодишно дете, додека десет други лица се полесно и потешко повредени. Во несреќата учествувале шест возила.Автомобил „фијат“ со белградски регистерски таблици, којшто се движел на средната коловозна лента од Ниш кон Белград, удрил во „БМВ“ со белградски регистерски таблици, по што двата автомобили застанале на лентата за сопирање. Возач на „тојота“ со германски таблици видел дека се случил судир и го забавил движењето. До трагедијата дошло кога го претекнал и удрил автобус со македонски регистерски ознаки.Од силината на ударот „тојотата“ се движела по коловозот и застанала на лентата за сопирање, додека автобусот продолжил да се движи и удрил во „крајслер“ со бугарски регистерски ознаки, по што „крајслерот“ удрил во автомобил „БМВ“ со полски регистерски ознаки, коешто се движело пред него.Две деца од „тојотата“ им подлегнале на повредите во болницата во Смедерево, додека десет лица од останатите возила, од кои четири деца, се здобиле со тешки и полесни повреди.По наредба на заменикот основен јавен обвинител во Велика Плана којшто вршел увид на местото на несреќата, на возачот на автобусот, четириесет и седумгодишен македонски државјанин по укажаната помош одреден му е притвор поради постоење на сомнение дека извршил кривично дело тешко дело против безбедноста во јавниот сообраќај. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.