Црна хроника
Возач, совозач и мигранти скокнале од камион во движење за да избегаат од полицијата
Возач и совозач и мигранти скокнале од камион во движење додека превезувале мигранти и избегале од полицијата.
Полицајци во вторникот вечерта околу 21 часот на локалниот пат Дуброво – Неготино забележале камион „мерцедес“ без регистарски таблици. Возачот на камионот,кога го забележал полициското возило, ја намалил брзината и од совозачкото место скокнало едно лице и избегало. Возачот продолжил да вози и после 100-тина метри и тој во движење скокнал од возилото и побегнал, а возилото продолжило само да се движи уште педесетина метра по што излетало од патот во канал на левата страна во правец на движење.Од камионот почнале да излегуваат повеќе лица кои избегале во правец кон автопатот. Во камионот биле затекнати седум лица илегални мигранти од Сирија и Ирак на возраст од 18 до 46 години и едно 10-годишно дете. Во моментот на контролата тројца мигранти се обиделе да побегнат по што полицаец испукал еден куршум со пиштол во воздух заради предупредување. Мигрантите се предадени на Регионален центар за гранични работи Југ, и истите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое го управувало товарното моторно возило./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.