Црна хроника
Возачот кој прегази жена кај „Зебра“ бил пијан и под дејство на марихуана
Возачот на автомобилот „опел“ кој во вторникот вечерта ја прегази новианрката Сузана Тодоровска Павловска во скопската населба Капиштец бил под дејство на алкохол и имал консумирано марихуана.
Според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и урината на триесет и седумгодишниот скопјанец, констатирано е дека истиот бил под дејство на алкохол, соопштуваат од Обвинителството. „Во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис.Надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка. Против осомничениот кој во моментов е на болничко лекување, ќе бидат преземени натамошни активности во насока на обезбедување на докази и расветлување на настанот“, соопштуваат од Јавното обвинителство.Автомобилот со кој била прегазена жената е сообраќаен технички преглед и се уште нема поднесено кривична пријава против возачот, бидејќи се чека да бидат собрани сите докази.Педесетгодишната новинарка вработена во Македонското радио загина во вторникот вечерта, а автомобилот заврши во излог од фризерница./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.