Црна хроника
Вработен во „Македонија пат“ загина додека чистеле снег на патот Маврово-Галичник
Вработен во „Македонија пат“ загина во несреќа што се случила во средата попладне околу 18.45 часот додека со возило на „Македонија пат“ чистеле снег на регионалниот пат Маврово – Галичник кај местото Царевец.
Според информациите од СВР Тетово, несреќата се случила кога работната машина „зил“ за расчистување на снегот, го удрила четириесет и петгодишниот Горан Т. од скопското село Орман, со задниот страничен дел. Машината ја управувал шеесет и едногодишниот Д.П. од Велес, вработен во „Македонија пат“, додека Горан бил ангажиран како помошник.
Јавен обвинител, екипа на крим техника, инспектор по труд и заштита при работа извршиле увид на местото на несреќата, а телото на починатиот е предадено за обдукција.Патот од Маврово кон Галичник традиционално се расчистува од снег секоја година пред првомајските празници, но оваа година заврши трагично. За една недела ова е трета жртва по ред во западна Македонија. Петнаесетгодишно девојче загина во сообраќајна несреќа во тетовското село Градец во „БМВ“ кое го управувал малолетник, а дванаесетгодишно дете почина во несреќа откако врз него падна метална врата во селото Непроштено./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.