Црна хроника
Вработени во Секторот за урбанизам во Дебар дозволиле бесправно градење
Двајца вработени во Секторот за урбанизам и комунални работи во Општина Дебар, заработија кривична пријава откако дозволиле изградба на објект во центарот на Дебар спротивно на ДУП-от.
Полицијата поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела “злоупотреба на службената положба и овластување“ и “бесправно градење“, полициската станица од Дебар против П.П. (61) и Г.Ц. (50) двајцата од Дебар, поднесе кривична пријава.
Пријавениот П.П. во својство на раководител на Секторот за урбанизам и комунални рабооти во Општина Дебар и Г.Ц. како архитект во општината, во периодот од јуни до семптември 2011 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување со пречекорување границите на своето службено овластување и надлежни за вршење на работите од уредување на просторот, од инвеститорот З.Ш. од Дебар, спротивно на условите предвидени со деталниот урбанистички план (ДУП) прифатиле и одобриле основен проект за градба на индивидуален станбено деловен објект во центарот на Дебар. Со тоа, двајцата пријавени му овозможиле на инвеститорот З.Ш. противправно севкупно да се стекне со имотно-финансиска корист од 148.807 евра.
Тоа го направиле иако увиделе дека проектот предвидува градба на станбено деловен објект со максимални димензии во површина на приземјето од 200 метри квадратни, иако според деталниот урбанистички план максимално дозволена површина на објектот за посочената градежна парцела изнесувала 104 метри квадратни.
Пријавените, свесно и спротивно на одредбите од Законот за градба и Законот за просторно и урбанистичко планирање, се согласиле со таквиот основен проект и потпишале дека доставената документација односно основниот проект е во согласност со ДУП. На тој начин пријавените на инвеститорот му овозможиле противправно да се стекне со имотна корист-станбено деловен простор од вкупно 392 метри квадратни. За фактичката површина на објектот инвеститорот З.Ш. требала да плати надоместок за уредување на градежно земјиште од 1.956.000,оо денари. Наместо тоа, во согласност со пријавените, инвеститорот платил 1.243.869,оо денари. По овие основи, пријавените и овозможиле на инвеститорот З.Ш. противправно да се стекне со имотно-финансиска корист од околу 712.130,оо денари или севкупно 9.129.350,оо и со тој износ го оштетиле буџетот на Република Македонија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.