Црна хроника
Второобвинетиот во случајот „Мадам Пепи“ екстрадиран од Белгија
Второобвинетиот Војислав Б. во случајот „Мадам Пепи“, за шверц на кокаин, во среда попладне е екстрадиран во Македонија од Белгија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој е пренесен во затворот во Идризово за издржување затворска казна од 3,5 години.
Вчера попладне од Брисел во Скопје беше екстрадиран Војислав Б., кој се бараше со меѓународна потерница распишана преку Интерпол Скопје.
Од МВР информираат дека постапката за екстрадиција минала без проблеми или инциденти и обвинетиот преку аеродромот „Александар Велики“ бил префрлен во затворот Идризово, за издржување на казна затвор во времетраење од 3,5 години, која во отсуство му е изречена заради сторено дело „Фалисификување документи“.
Случајот за кој е осуден датира од 2009 година кога во Скопје извршил фалсификување на бугарски пасош и возачка дозвола, на тој начин што вметнал сопствена фотографија, со цел фалсификуваните документи да ги користи како оригинални.
Освен за тој случај, Војислав Б. во 2010 година се товареше и за недозволена трговија со наркотици. Според сомненијата, истиот при крајот на месец декември 2009 година отпатувал за Лима, Перу, каде од страна на засега непознато лице набавил 1.910 грама наркотична дрога кокаин паста. Тогаш, заедно со првоосомничената Персида Момировска, го организирале транспортот на кокаинот од Лима преку Германија во Скопје, која во Македонија пристигнала како поштенска пратка.
Инаку, обвинетиот во септември 2013 година бил уапсен во Белгија за извршени кривични дела на териоторијата на оваа држава.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.