Црна хроника
За два дена штипјанец силувал две малолетни лица
За два дена 29- годишен штипјанец силувал две малолетни лица, на 13 и 16-годишна возраст, што предизвика згрозување кај граѓаните коишто не паметат две силувањa, и тоа на деца во два дена при што извршител е исто лице.
Првото кривично дело вечерта на 10-ти март, осомничениот идентификуван со иницијалите Б.Ј. го извршил врз шеснаесетгодишник со посебни потреби во позната штипска населба Суитлак, во вторникот по 21 часот.
Ден потоа, истото лице извршило полов напад, врз дете кое не наполнило 14 години во истиот период во руинирани простории на спортско игралиште во Штип . Тринасетгодишното дете доживеало голема траума, а во штипската болница е донесено неколку часови по силувањето.
Секретаријатот за вантреши работи до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Б.Ј. од градот поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ и кривично дело „обљуба врз немоќно лице“./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.