Црна хроника
За местење натпревари десет уапсени во Неапол
Италијанската полиција уапсила десет луѓе поради сомневање дека како припадници на мафијата учествувале во местењето на резултати на фудбалски натпревари, објави полицијата во Неапол.
Апсењата следеле во понеделникот откако истрагата нашла два натпревара од втората италијанска фудбалска лига Серија Б, одиграни во 2014 година, за кои иследниците се сомневаат дека биле наместени.
Во текот на истрагата полицијата открила мрежа поврзана со локалната криминална организација која првенствено се занимавала со трговија со дроги, но на најмалку еден наместен фудбалски меч заработила 100.000 евра, соопштија иследниците на прес-конференција.
„Можеме со сигурност да кажеме дека некои фудбалски клубови имаат луѓе кои не шутираат само топка во недела, туку имаат и силни врски преку коишто својата професија може да ја претворат во криминал“, изјави државниот обвинител Филипо Беатрисе.
За седум лица и одреден истражен притвор, а тројца се ставени во куќен притвор. Во истиот случај цел на истрагата бил и еден играч од врвната италијанска лига Серија А, чие име не е откриено, а за него не бил издадени налог за апсење.
Манипулациите со фудбалските натпревари доведоа до големи истраги минатите години во Италија, вклучително и истрагата од 2011 година по којашто беа поведени постапки против десетици тренери и фудбалери./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.