Црна хроника
Зачестено криумчарењето на мигранти поради бегалската криза
Криумчарењето на мигранти е зачестено изминатиов период поради актуелната бегалска криза, соопштуваат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во чија надлежност е ова кривично дело.
Според статистиката за сторителите на ова кривично дело, најчесто мигранти криумчарат поединци, а поретко тоа е организирана група.Според податоците во обвинителството, само годинава, од почетокот на годинава до денеска, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје за сторено кривично дело – „Криумчарење мигранти” во работа примило кривични пријави против 30 полнолетни сторители, од кои шест се странски државјани.Во случаите во кои жртвите се полнолетни лица, во работа биле кривични пријави против 21 лице, сите полнолетни сторители. Против 10 лица се поднесени обвинителни предлози, за седум лица донесени се пресуди врз основа на предлог спогодби и за четири лица кривичната постапка е во фаза на истрага. За осум лица за кои беше поднесен обвинителен предлог постапката е завршена со донесена пресуда врз основа на признание на вина.Во случаите во кои меѓу жртвите има и малолетници, се пријавени девет лица и донесени се наредби за спроведување истражна постапка против сите девет, кои истражни постапки се во тек.Во пријавените случаи биле откриени вкупно околу 210 илегални мигранти од кои 16 лица беа малолетни.Во текот на 2015 година, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција како надлежно обвинителство за постапување по кривичното дело – Криумчарење мигранти, поднесени се кривични пријави против 166 лица. Истата година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има подигнато вкупно 53 обвиненија, од кои што 22 се обвинителни акти против 24 обвинети лица, а 31 се обвинителни предлози против 40 лица.Обвинителството издало наредба за спроведување на истражна постапка против 26 – годишен македонски државјанин за криумчарење на мигранти.На 3 март оваа година околу 13:00 часот во близина на казиното „Принцес” кај Гевгелија, осомничениот прифатил и во насока кон Скопје и Куманово, со патничко моторно возило марка БМВ превезувал 13 мигранти, меѓу кои и две малолетни лица.
Деветмина од мигрантите кои илегално биле влезени на територијата на Македонија се вратени во Грција, додека останатите се задржани во својство на сведоци и сместени едно лице во Прифатниот центар за странци лоциран во Гази Баба, а мајка со две деца во Прифатниот центар за баратели на право на азил во Скопје. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против битолчанец, ставил под хипотека туѓ недвижен имот во Охрид и се стекнал со корист од 352 илјади денари
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот К.Р. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неизвршување судска одлука“ и „самовластие“.
„Тој, свесно и спротивно на судска пресуда, става под хипотека недвижен имот во Охрид сопственост на друго лице и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 352.000 денари“, велат од СВР Охрид.
Црна хроника
Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело узурпација на недвижности од чл. 225 од КЗ на РСМ.
А. Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице подолг временски период противправно завладеал имот, сопственост на државата, и го ставил во владение на своето правно лице.
Имотот што се наоѓа веднаш до цветниот пазар зад Поликлиниката ‘Бит-пазар’ во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, А. Р. противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез на предметното земјиште, каде што за секој влез-излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ.
Црна хроника
Уапсен 39-годишник од Студеничани, возел „џип компас“ евидентиран во базата на Интерпол како украден
Вчера попладне, во 15.40 часот, на граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода 39-годишниот Џ. Р. од село Црн Врв, општина Студеничани, извести МВР.
„При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото ‘џип компас’, со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, е евидентирано во базата на Интерпол како украдено“, соопшти МВР.
Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.