Црна хроника
Загина мотоциклист на патот Куманово – Свети Николе
Во непосредна близина на влезната крстосница во Свети Николе во тешка сообраќајна несреќа загина мотоциклист кој со својот мотор удрил во заден дел од камион и од здобиените повреди починал, информираат полициските служби.
Несреќата се случила откако лицето кое управувало со моторот, 56-годишниот М.Д., го пропуштило камионот да помине но недочекувајќи го целосно да ја премине крстосницата тргнал и удрил во задниот дел од камионот марка „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки кој бил управуван од 49 годишниот Ф.С.
Според првичните информации, М.Д. со својот мотоцикал се упатил на нива за да извршува поледелски работи, но обидот да ја премине крстосницата за него бил кобен.
Возачот на камионот поминал без повреди.
Сообраќајката се случила утрово во 10 часот, а во тек е увид на местото на несреќата. /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.