Црна хроника
Загина пешак во сообраќајка на патот Штип–Радовиш
Во две одделни сообраќајки, што се случија во вторникот, едно лице го загуби животот, а девојче со тешки повреди пренесено е во Клиничкиот центар во Скопје.
Имено, во вторникот, во 21.15 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш се случила сообраќајна незгода во која Б.Ѓ. (48) од село Лакавица, штипско, управувајќи автомобил „Фиат Темпра“ со штипски регистарски ознаки, удрил во пешакот М.Р. (45) од Велес. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и на пат кон Клиничката болница Штип починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.Истиот ден, околу 150 часот во Неготино, на крстосницата од ул .„Маршал Тито“ со ул. „Антигона“, се случила сообраќајна незгода во која Т.И. (50) од Неготино, управувајќи автомобил „Мазда“ со неготински регистарски ознаки, удрил во тринаесетгодишна велосипедистка од Неготино. Девојчето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во ЈЗУ-Кавадарци, каде и е констатирана тешка телесна повреда и поради сериозноста на повредата е префрлена во Клинички центар–Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Неготино./крај/со/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.