Црна хроника
Загина скопјанец при уривањето на бараките на Јужен булевар
Скопјанец од селото Студеничани утрово загинал кога врз него паднал оџак при уривање на бараките што се наоѓаат на раскрсницата меѓу „Јужен булевар“ и „Јордан Мијалков“ во центарот на Скопје.
Од СВР Скопје единствено потврдуваат дека утрово во 10.50 часот починал педесет и тригодишниот Муарем Б. во паркчето што се наоѓа на раскрсницата. Оттаму информираат дека увидот сѐ уште трае и дека не можат да излезат со други детали за случајот.Телевизија Канал 5 јавува дека човекот починал при уривање на дрвените бараки, а при уривањето немало заштитна ограда. Според изјавата на очевидец за телeвизијата, човекот чекал градежна работа на Јужниот булевар, а во моментот кога загинал минувал по патеката во паркот.Случајот го испитуваат и од градежниот инспекторат. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.