Црна хроника
Загина велосипедист во Штип откако го удрил пијан возач со автомобил
Велосипедист од Штип, загинал во центарот на градот, откако во него удрил автомобил, соопшти полицијата.
Имено, во четвртокот, во 21,40 часот во Штип на крстосницата од улицата „Партизанска“ и улицата „Борис Крајгер“, автомобил „алфа ромео 156“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (37) од Штип, удрило во велосипедистот Б.Д. (59) од Штип. Од незгодата на лице место починал велосипедистот. Смрт е констатирана од страна на доктор од Итна медицинска помош Штип. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. Возачот и сопатникот Г.М. (36) се алкотестирани. при што кај Г.Д. е констатирано присуство на алкохол од 1,23 промили, а кај сопатникот Г.М. е констатирано присуство на алкохол од 1,87 промили. По наредба на Јавен обвинител ќе се изврши обдукција над телото на починатиот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.