Црна хроника
Заглавени над 400 мигранти на Табановце
Вкупно 431 мигрант 24 часа се заглавени на Табановце, на ничија територија, на македонско-српската граница, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Според нивните информации, мигрантите ниту се пропуштаат во Србија, ниту се враќаат назад во Македонија, а причината се уште не е позната, бидејќи македонската полиција нема одговор од српските власти. Илјадници мигранти чекаат од Грција да влезат во Македонија, и неизвесно е што ќе се случува со оглед натоа што членките на ЕУ на самитот за мигрантската криза соопштија дека балканската рута веќе не постои. Според последните информации од МВР, во Гевгелија има 30-40 мигранти и се пропуштаат онолку мигранти колку што примаат членките на ЕУ./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.