Црна хроника
Заменикот министер за труд Спасов осомничен дека побегнал по предизвикување сообраќајна несреќа

Теренско возило „туарег“ со скопски регистерски таблички ноќта кон саботата во скопската населба Тафталиџе удрил во неколку возила, според полициски извори станува збор за заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој до 2 часот не бил пронајден, а според очевидци тој наводно бил во алкохолизирана состојба.
Од министерството за внатрешни работи потврдија дека доцна ноќта на улицата „Алжирска“ се случила сообраќајна несреќа и дека возачот на возилото што ја предизвикало несреќата избегал од местото на настанот
Сомневањата се дека џипот е на Агенцијата за вработување, а оти бил возен од Диме Спасов, заменик-министер за труд и социјална политика.
Во пријавата за сообраќајната несреќа било наведено дека лицето што го урпавувало „туарегот“ били алкохолизирано и избегало. Во „туарегот“ останала сопатничката со иницијали Т.К. којашто била приведена во полициска станица за давање исказ.
Во медиумите од различни извори засега постојат две верзии за несреќата. Според едната во инцидентот има повредени, а според втората неколку возила биле оштетени, но за сите официјални информации МВР детали најави подоцна во текот на саботата.
Местото на инцидентот беше обезбедувано од полицајци кои на новинарските екипи ноќеска не им дозволија пристап поради незапочнатиот увид на несреќата./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Пукано кон маж на улица во Ѓорче Петров, МВР со детали за настанот

Доцна по полноќ, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) и му нанеле прострелна рана.
Од пукањето, како што соопшти МВР, било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“.
„А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Наставничка натепала ученик во Берово

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Г.(60) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“.
„На 07.06.2023 пријавената, наставник во основно училиште во Берово, во просториите на училиштето во работно време, вербално и физички нападнала малолетник“, велат од МВР.
Црна хроника
Лица од Таџикистан и Пакистан се тепале во Тетово

Полицијата ги привеле М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан, кои биле пријавени дека околу 10.00 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа, меѓусебно физички се пресметувале.
Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
По целосно документирање на случајот против инволвираните, кои се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.