Црна хроника
Запалени автомобил и влезна врата од стан
Непознати дторители запалиле автомобил и влезна врата од стан во Скопје. И во двата случаи сторителите најпрвин ги полиле автомобилот, односно вратата со запалива течност и ги запалиле.
Првиот инцидент се случил вечерта во саботата спроти неделата во периодот од 23.30 до 01.30 часот во Скопје на улица „Зендел Џемаил“, во двор од семејна куќа. Сторителот, најверојатно со бензин, го испрскал возилото „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, го запалил и избегал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.Вториот инцидент се случил ноќеска околу 1 часот кога непознат сторител ја запалил влезната врата на стан во Кисела Вода во којшто живеел брачен пар на возраст од 72 и 74 години. Тој најпрвин ја полил влезната врата и дел од скалите со запалива течност, ја запалил и изгбегал. Со пламенот била зафатена влезната врата која целосно е оштетена и дел од ламинатот во претсобјето, а зачадени се и влезната врата од соседниот стан, ходникот од зградата, прозорците од ходникот и оштетени се дел од скалите на истиот спрат. Од екипа на БППЗ Скопје, пожарот е изгаснат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.