Црна хроника
Запалено возило во двор во Прилеп
Со запалива течност која била истрена врз возилото, ноќеска околу 3.30 часот бил запален автомобил паркиран во двор во Прилеп, соопшти полицијата.
Имено, во четврток, околу 3.30 часот во Прилеп на ул.„Шар Планина“во дворот од куќата сопственост на С.П., како што пишуваат прилепските медиуми, тој е познат доктор, непознат сторител истурил запалива течност врз неговиот автомобил марка „Цитроен Ксара“ со прилепски регистерски ознаки по што тоа целосно било опожарено. Од страна на пожарникарите од Прилеп пожарот е изгаснат, а покрај возилото опожарена е и вратата од гаражата и дел од фасадата. Од страна на увидна екипа од Полицикста станица Прилеп излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.