Црна хроника
Запленета 12 кгр марихуана, кривична за осум лица
Во рамки на оперативната акција „Мрежа“ за сузбивање на трговија со дрога, реалзирани се три одвоени случаи на недозволена трговија со дрога при што вкупно се запленети 12 килограми марихуана и поднесена е кривична пријава против осум лица.
Имено, во првиот случај, во неделата околу 22.50 часот на патарината Тетово, возило „волгсваген фајтон“ со скопски регистарски ознаки не застанало кога полицајци се обиделе да го сопрат, ја пробило рампата на патарината по што од страна на друга полициска екипа возилото е запрено.При извршената контрола над возилото било утврдено дека истото е управувано од Џ.Б.(27) и како совозач лицето Р.Џ.(27) и двајцата од село Студеничани, скопско. По извршен преглед над возилото во задниот дел, поточно на подот позади совозачкото седиште, пронајдени се четири пакувања со растителна материја со зелена боја во тежина од околу шест килограми. Одземената растителна материја е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи, каде што е констатирано дека се работи за марихуана.Во вториот случај запленети се околу три килограма марихуана и од слобода се лишени три лица, додека, пак, по уште две други лица во моментов се недостапни на органите на прогон. Имено од слобода се лишени лицата И.Ш.(30) и С.А.(24), и двајцата од Скопје, а со заплената се поврзува и А.К.(37) од село Кондово, кој во моментов се наоѓа на издржување казна затвор. Тие дрогата ја набавиле од Косово со цел да ја препродадат и да се стекнат со противправна имотна корист. Кај И.Ш., при претрес во неговиот до пронајдени се шест пакувања исполнети со непозната растителна материја, од кои едното пакување било веќе отворено, дигитална вага марка „Адлер“, мало пакување исполнето со непозната растителна материја, како и 69 пакувања, испонети со непозната растителна материја, 61 пакувања, исполнети со непозната материја црна боја, метална дробилка, парче од огледало со остатоци од бела прашкаста материја, метална чинија со остатоци од бела прашкаста материја помали пакувања наменети за продажба на мало. Во тек е преземање на дополнителни мерки и активности за пронаоѓање на С.Б. и Е.Р. кои се поврзуваат со горенаведената заплена заради целосно комплетирање и расчистување на случајот.Во третиот случај на 24-ти септември месец на патниот правец Прилеп – Скопје при рутинска контрола запрено е „ауди А6“ со бугарски регистарски ознаки управувано од К.К.(37), од село Чифлик, општина Чешиново Облешево. При извршената контрола на возилото во предниот дел од хаубата пронајдени се три поголеми паковки со растителна зелена материја, со маса од околу 2,9 килограми. На К.К. од страна на судија на предходна постапка му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.