Црна хроника
Запленети 14 кг. марихуана кај Делчево
Вкупно 14 килограми марихуана запленија царинските службеници на граничниот премин Делчево во вторникот попладне при контрола на патничко возило Ауди со македонски регистарски ознаки.
Возилото било управувано од лице со иницијали Д.Б., придружувано од уште две лица со иницијали М.М. и К.А., сите државјани на Република Македонија.
Иако на прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола лицата одговориле негативно, царинските службеници пристапиле кон детална контрола на возилото.
Притоа, во празниот фабрички простор на подот во целата должина од возилото, поточно под патосниците и лимот на подот од возилото, пронајдени се вкупно 28 паковки со различна големина, обвиткани со пластична фолија и облепени со самолеплива трака наполнети со зеленкаста растителна материја, која на тестер за дрога покажа присуство на марихуана.
Лицата и дрогата се предадени на царинските инспектори од Одделението за истраги за понатамошна истрага. По извршено вештачење во МВР Оддел за крим-техника, потврдено е дека растителната материја преставува опојна дрога – марихуана, со вкупна тежина од 14.050 грама.
Ова е дванаесетти откриен обид за шверц на марихуана од почетокот на годината, при што запленети се 102 килограми марихуана. Покрај марихуана, од почетокот на годинава запленети се и еден килограм амфетамин, 96 таблети метамфетамин и 19,5 килограми хероин, се вели во соопштението на царинската управа. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.