Црна хроника
Запленети 144 килограми марихуана
Вкупно 144 килограми марихуана заплени полицијата во акција што била спроведена во вторникот во скопската населба Ченто и во селото Арачиново.
Дрогата била по потекло од Албанија, а требало преку Македонија да стигне во Швајцарија. Таму на нелегалниот пазар нејзината вредност се проценува на 600 илјади евра.Дрогата била најдена во две возила кои биле запрени. Во едното возило, „голф“ пронајдени се 65 пакети со зелена тревкава материја, а во другото возило „мерцедес“ пронајдени се 33 пакети. Лицата се дел од криминална група која се занимава со недозволена трговија на марихуана и на хероин. Во рамки на акцијата извршен е претрес во домовите на уште две лица од Скопје, на возраст од 40 и 53 години. При претресот пронајдена е една кеса со тежина од 700 грама, а во која имало прашкаста материја со кафеава боја, за која се претпоставува дека е смеса за мешање со хероин.Против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.