Црна хроника
Запленети 188.000 евра и 6 кг марихуана на ГП Блаце
Царинските службеници во петок, 21-ви ноември, во два одвоени случаи на граничниот премин Блаце спречија обид за шверц на 188 илјади евра и шест килограми марихуана, информира Царинската управа.
Во првиот случај, вчера при контрола на автомобил со скопски регистерски ознаки, пријавено за излез од Република Македонија, кај македонска државјанка со иницијали М.Е. пронајдени биле непријавени 190 илјади евра. Непријавените девизи биле пронајдени во лична торба што се наоѓала на совозачкото седиште, спакувани во најлонска кеса,. Согласно Законот за девизно работење, две илјади евра и биле вратени, а останатите 188 илјади привремено се задржани. Царинската управа, против лицето М.Е. започна соодветна прекршочна постапка.
Во вториот случај, истиот ден околу 12 часот на пладне, на граничниот премин Блаце за влез во Република Македонија пристигнало патничко возило „Опел Астра“ со германски регистарски таблици, управувано од лицето В.Б (42 ), во кое како сопатник патувало и А.Ф. (28) двајцата државјани на Република Германија. Возилото било селектирано за контрола, а при преглед употребени биле и царински кучиња кои индицирале присуство на дрога со гребење на внатрешноста на задните седишта под тапацирот. При прегледот на возилото, со отстранување на тапацирот од задното седиште, во фабричките шуплини пронајдени биле седум паковки со марихуана.
Од спроведената предистражна постапка, утврдено било дека осомничените, со лице Албанец кој престојувал во Минхен се договориле да организираат и реализираат транспорт на марихуаната од Косово за Германија. Вредноста на запленетата дрога на западно европскиот нарко пазар се проценува на околу 20.000 евра.
Осомничените В.Б. и А.Ф. се лишени од слобода и истите во текот на денешниот ден ќе бидат предадени во Основниот суд Скопје, а Царинската управа до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Црна хроника
Во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Кичево тешко повредена кумановка
Вчера во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот И.А. од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.