Црна хроника
Запленети девизи, цигари, облека, мобилни телефони…
Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што се запленети девизи, цигари, дисплеи за мерни инструменти, мобилни телефони, облека и пластични токи.
На граничниот премин Блаце, при личен претрес на германски државјанин, патник во патничко возило со германски регистарски таблички, пријавено за влез во државата биле откриени девет илјади евра. Патникот изјавил дека со себе носи две-три илјади евра, но при извршениот преглед, во внатрешен џеб од неговата јакна пронајдени се 19 илјади евра, за што не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10 илјади евра – износ што слободно може да се внесе во Македонија.
На граничниот премин Табановце автопат, при контрола на патничко возило со бугарски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата биле пронајдени 41 штека цигари, со македонски акцизни маркички. Непријавените цигари се сокриени во куфер и под седиштата на возилото.
На скопскиот аеродром „Александар Велики“, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој пристигнал со лет од Лондон, биле откриени 212 парчиња облека и 200 пластични закачалки.
При контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица биле откриени 79 парчиња облека (фустани и блузи). Непријавените производи биле сокриени во просторот за резервно тркало на возилото./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.