Црна хроника
Запленети девизи, пиротехника, облека, козметика, цигари…
Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани девизи, пиротехнички средства, козметика, цигари, делови за мобилни телефони и фалсификати.
На скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес на косовски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Брисел биле откриено 10 илјади евра. При контрола од страна на аеродромското обезбедување, патникот пријавил дека носи со себе девизни средства, по што бил извршен личен претрес од страна на царинските службеници. Притоа во џебовите од неговите панталони пронајдени се 20 илјади евра, за кои патникот не поседувал доказ за потекло и потврда за пријавени девизни средства на влез во државата.
Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10 илјади евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од Република Македонија.
На граничниот премин Делчево, при контрола на патничко моторно возило со бугарски регистарски таблички со кое за влез во државата се пријавиле двајца македонски државјани, биле откриени 38 парчиња пиротехнички средства (огномети ENIGMA FIREWORKS и Flying Tiger Candle и петарди Triangle Cracкеr).
Пиротехничките средства се пронајдени во фиоката за документи, помеѓу предните седишта и во јакната на совозачот.
На граничниот премин Делчево, при контрола на патничко возило со бугарски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата, биле откриени 30 штеки цигари, марка YORK, BENSTON SLIMS, YORK GOLD и LD VIOLET-SUPER SLIM, со македонски акцизни маркички. Непријавените цигари биле сокриени во предниот и задниот браник и во фабричка преграда во багажниот простор на возилото./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.