Црна хроника
Запленети девизи, свежа риба, компјутерски делови и фалсификати
Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани девизи, свежа риба, компјутерски делови, делови за огради, пропиленски кеси, налепници и фалсификати, а откриена е и една царинска измама.
Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани девизи, свежа риба, компјутерски делови, делови за огради, пропиленски кеси, налепници и фалсификати, а откриена е и една царинска измама.
На скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес на албански државјанин кој допатувал со лет од Цирих, во паричникот и во џебот од кошулата му биле пронајдени 10 илјади евра и 9.500 швајцарски франци. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10 илјади евра, износ што нерезидент може слободно да го внесе во државата.
На граничниот премин Богородица, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата, биле откриени 60 килограми свежа риба ципура. Непријавената риба пронајдена е во 6 кутии од стиропор, сместени во багажникот на возилото.
На царинската испостава Штип пак, откриен бил обид за фиктивно раздолжување на стока, претходно увезена во постапка на увоз за облагородување, при што се избегнати увозни давачки во износ од над 30 илјади денари.
Фирма од Кочани, пријавила за извозно царинење 6.724,65 метри квадратни постава од полиестер, што претходно биле увезени во постапка на увоз за облагородување, но при контрола на стоката било утврдено дека недостигаат 3.953,2 метри квадратни од пријавениот материјал.
Со ваквата постапка, правното лице ја пуштило стоката во слободен промет без претходно да ја стави во пропишана царинска постапка и без да ги плати пропишаните увозни давачки за истата.
За сторениот прекршок, против правното лице и неговото одговорно лице ќе биде поведена прекршочна постапка, а воедно правното лице ќе биде задолжено да ги доплати избегнатите давачки./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.