Црна хроника
Запленети луксузни мобилни телефони, девизи, алкохол, храна, облека и фалсификати
Изминатата недела, царинските службеници спречија три обиди за шверц на 52 луксузни мобилни телефони iPhone 6 и Huawei Ascend P7 и Huawei Honor X1.
Во првиот случај, на граничниот премин Деве Баир во неделата околу 13.30 часот на влез од Македонија се пријавило патничко моторно возило со косовски регистарски таблички, во кое патуваa двајца сопружници – косовски државјани, на релација од Бугарија преку Македонија до Косово.
При претрес и прегледот на возилото царинските службеници открија сокриени 42 мобилни телефони iPhone 6 со слушалки, полнач и кабел за полнач, кои пријавените ги сокриле на различни места во возилото: под патосницата пред совозачкото седиште, во пластичната фиоката под совозачкото седиште, во фиоката пред совозачкото седиште, во наслонот за рака помеѓу возачкото и совозачкото седиште и под возачкото седиште. Вкупната вредност на криумчарената стока изнесува околу еден милион денари.
Во текот на службениот разговор, прекршителите изјавиле дека ги купиле во Софија и имале намера да ги продаваат во Приштина.
Против осомничените е поднесена кривична пријава заради постоење на основано сомнение дека сторилe кривично дело „криумчарење“.
Во други два случаи на скопскиот аеродром Александар Велики, откриени се и запленети 10 мобилни телефони и два полначи за мобилни телефони, при контрола на патните торби на еден шведски државјанин кој допатувал со лет од Гетеборг, кај кого биле пронајдени 5петмобилни телефони iPhone 6, и пет мобилни телефони Huawei Ascend P7 и Huawei Honor X1 и 2 полначи Smart 6000H кај кинески државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул.
Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија и две измами и повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани девизи, текстил, облека, алкохолни пијалоци, прехранбени производи, цигари, нафта, козметички производи, гасен пиштол и фалсификати./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.