Црна хроника
Запленети петарди и пиротехнички средства
Полицијата заедно Единицата за прв одговор и интервенција „АЛФА“ заплени 26.849 парчиња пиротехнички средства во Скопје и поднесе кривични пријави против две лица.
Во првиот случај кај А.И. (59) од Скопје, при извршен преглед и претрес на моторно возило на ул. „Славеј Планина“ пронајдени се и одземени вкупно 10.600 парчиња пиротехнички средства, додека во вториот случај М.М. (29) од Скопје е забележан при пренесување на пиротехнички средства во количка на ул. „Отокар Кершовани“ и по извршениот преглед, пронајдени се и одземени 12.500 парчиња различни видови на петарди и пиротехнички средства.На подрачјето на ПС ОН Центар, регистриран е еден настан на нелегална продажба на пиротехнички средства, прекршок казнив по член 69, став 4 од Законот за заштита од експлозивни материи, за што до надлежниот Суд за прекршоци поднесени се барања за поведување на прекршочна постапка против С.К. (20), Б.О. (20), Ф.С. (26) и еден 14 годишен малолетник, кај кои на 15-ти овој месец при направен личен пеглед на крстосницата на бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Крсте Мисирков“, пронајдени и одземени се вкупно 326 парчиња на петарди и пиротехнички средства.На подрачјето на ПС ОН Ѓорче Петров, по преземани мерки и активности за сузбивање на нелегалната продажба на експлозивни материи, на 10-ти овој месец во продавница во с. Волково сопственост на Б.С. (46), одземени се вкупно 3423 парчиња пиротехнички средства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.