Контакт

Црна хроника

Запленети стари монети, девизи, ловечка муниција, цигари, лекови и облека

Објавено пред

Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани стари монети, девизи, ловечка муниција, цигари, опрема за тетовирање, лекови, облека, мотоцикл, автоделови, козметички средства, бижутерија, мобилни телефони и таблет уреди, електромотори, ореви и фалсификати. Покрај тоа откриен е и еден обид за криумчарење марихуана и психотропни печурки. 

dobivaj vesti na viber

 

Во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики се откриени 753 стари монети и 4.600 швајцарски франци. Во првиот случај, при контрола на багажот на македонска државјанка, која имала намера да отпатува со лет за Дубаи откриени се 753 стари монети.

 

Аеродромската служба за рентгенска контрола забележала сомнителни предмети во багажот на патничката, по што се повикани царинските службеници. При преглед на багажот, помеѓу личните работи на патничката пронајдена е кеса полна со стари монети со различно потекло и старост, кои според стручно мислење на експерти од Музејот на Македонија не претставуваат културно наследство на Република Македонија, но може да имаат значителна нумизматичка вредност.

 

Во вториот случај, при контрола на рачниот багаж на македонска државјанка која допатувала со лет од Цирих, во паричник и во плик се пронајдени вкупно 16.600 швајцарски франци. Согласно законските прописи, на патничката и биле вратени 12.000 швајцарски франци  (противвредност на 10.000 евра), износ што може слободно да се внесе во државата, додека 4.600 швајцарски франци се привремено задржани.

 

Во три одвоени случаи биле откриени 101 патрони за ловечко оружје, при обид на тројца патници да ги внесат во државата. Во првиот случај, на граничниот премин Богородица, при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, во кеса сместена во фиоката за документи, мобилните царински тимови открија 50 парчиња ловечка муниција.

 

Во вториот случај, на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Базел, пронајдени се  45 патрони ловечка муниција.

 

Во третиот случај, на граничниот премин Свети Наум, при контрола на патничко возило со грчки регистарски таблички, управувано од грчки државјанин, во фиока помеѓу возачкото и совозачкото седиште се откриени 6 парчиња ловечки куршуми.

 

Во четири одвоени случаи, два од страна на мобилните царински тимови и два случаи на скопскиот аеродром Александар Велики, биле откриени 189 штеки цигари. Од страна на мобилните царински тимови се откриени вкупно 137 штеки цигари. Во првиот случај, при контрола на автобус со турски регистарски таблички, управуван од косовски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Деве Баир, пронајдени се 105 штеки цигари, од кои 55 штеки со косовски акцизни маркички и 50 штеки без акцизни маркички.

 

Непријавените цигари се пронајдени позади фрижидерот, во делот наменет за алат што се наоѓа позади седиштето на возачот и  во просторот за багаж на возачите. Во вториот случај, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат, откриени се 32 штеки цигари марка 57 и Monte Carlo со македонски акцизни маркички. Цигарите се пронајдени во внатрешноста на потпирачот на задното седиште и во внатрешноста на резервната гума на возилото.

 

На скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на двајца патници пријавени за излез од државата откриени се вкупно 52 штеки цигари со македонски акцизни маркички.

 

Во првиот случај, при контрола на чекираниот багаж на шведски државјанин кој имал намера да отпатува за Стокхолм, откриени се 29 штеки цигари Marlboro Gold, West Silver и West red, додека во вториот  случај, во чекираниот багаж на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон, пронајдени се 23 штеки цигари Winston blue.

 

На граничниот премин Табановце автопат бил откриен обид за криумчарење четири грама марихуана и печурки со присуство на психотропна супстанца ЛСД. Во неделата вечер за излез од државата се пријавил автобус со германски регистарски таблички сопственост на компанија од Германија, управуван од германски државјанин, во кој биле присутни  уште совозачот и две патнички, сите германски државјани.

 

На прашање на царинските службеници, сите изјавиле дека немаат што да пријават за царинска контрола, по што било пристапено кон детален преглед на автобусот. Притоа, позади возачкото седиште, во кожна футрола се пронајдени две зипер кесички со околу четири грама зеленкаста растителна материја, за која со помош на тестер на дрога било утврдено дека се работи за марихуана. Автобусот бил прегледан и со помош на царинско куче, при што во горниот дел од истиот, поточно на вториот кат од креветот, под јорганска прекривка, е пронајдена стаклена тегла со четири печурки, во кои, со помош на тестер на дрога, било утврдено присуство на психотропна супстанца ЛСД./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз

Објавено пред

Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори

Објавено пред

Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.

dobivaj vesti na viber

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Објавено пред

МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.

dobivaj vesti na viber

На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија3 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија3 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија3 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија3 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија4 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија14 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија15 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија16 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија16 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија17 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија18 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија18 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија18 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија19 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија19 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија19 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија19 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....