Црна хроника
Заштитени сведоци ќе даваат исказ за „Дива населба“, рочиштето затворено за јавноста
Судското рочиште за случајот „Дива населба“, кое е закажано за во вторник во 10 часот, ќе биде затворено за јавноста бидејќи искази ќе даваат заштитени сведоци.
Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека не се знае точната бројка на заштитени сведоци предложени од страна на Обвинителството. Оттаму велат дека ќе бидат испрашани сите, но не можат да го предвидат темпото на испрашување на заштитените сведоци.На судењето за судирот меѓу македонската полиција и вооружената група што се случи во кумановската „Дива населба“, сведочеа полицајците кои беа нападнати во полициската станица Гошинце, жители на населбата, а на минатото рочиште се појавија и сопругите и роднините на убиените полицајци кои се приклучија кон кривичниот прогон и најавија дека ќе бараат отштета./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.