Црна хроника
Застрелан адвокат во Бутел
Скопски адвокат во четврток бил застрелан со огнено оружје во населбата Бутел. Тој бил пренесен во болница каде му била констатирана само телесна повреда во ногата, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Нападот се случил во четврток околу 15 часот кај киното Бутел кога кон адвокатот, чиј идентитет МВР не го открива, било пукано од огнено оружје. Во тој момент, оштетениот бил во движење во неговиот автомобил.
По пукањето, адвокатот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му била констатирана телесна повреда.
Како можен сторител тој посочил едно лице, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
Како што пренесуваат некои медиуми, станува збор за адвокатот кој во февруари минатата година изјавил дека има докази кои докажуваат дека поранешниот македонски претседател Борис Трајковски бил убиен.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.