Црна хроника
Застреланото момче во Велес било од Бузалково
Дваесет и тригодишниот Адил Сулејманов од село Бузалково е лицето што беше пронајдено мртво со прострелна рана во четврток во Велес.
Полицијата не открива дали станува збор за убиство или самоубиство, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата.
Она што сега е познато е дека Адил вчера околу 16 часот со такси од Бузалково се упатил кон Велес, да го остави лаптопот на поправка. Таксистот го оставил во центарот на Велес, по што му се губи трагата.
Родителите до доцна во ноќта чекале Адил да се врати дома. Неуспешни биле обидите да го добијат на мобилен. Утринава, за МРТ откриваат неговите блиски, започнала потрагата.
Го барале насекаде. Татко му стигнал до семејниот плац, во непосредна близина на индустриската зона УЗУС2. И таму во камп приколката со прострелна рана го пронашол веќе мртов својот син.
Истрагата е сè уште во тек, велат од полицијата. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден./крај/лсц/мф
Извор: Лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.