Црна хроника
Затворени 59 складишта за огревни дрва
Вкупно 59 објекти низ Македонија во кои се врши продажба на огревно дрво беа затворени во вторник, во рамки на голема акција во која се вклучени повеќе институции.
Во контролите на 232 складишта за дрва биле вклучени вкупно 827 полициски службеници, 110 инспектори од Управата за јавни приходи, 78 инспектори од Државниот пазарен инспекторат, 25 припадници на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, а по потреба се вклучувале и припадници од Трудова инспекција и Шумската полиција.
За време на контролите од страна на УЈП, согласно Законот за готовинско плаќање, прекршоци биле констатирани во 59 објекти, од кои најмногу во Велес (11) и Скопје (10). Истите се затворени и изречени им се казни од по 3.250 евра односно 2.500 евра за правното и 750 за одговорното лице, или во вкупна вредност од 191.750 евра.
Исто така, во три складишта во Тетово, Струга и Гостивар е утврдено дека не се води дневен финасиски извештај за што се изречени три глоби во вкупен износ од 8.400 евра.
Државниот пазарен инспекторат констатирал 83 прекршоци од Законот за трговија и Законот за метрологија при што се изречени глоби во вредност од 173.600 евра.
При спроведување на контролите одземени се вкупно 331,8 метри кубни нежигосано огревно дрво./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.