Црна хроника
Затворски казни за случајот „Музеј“
Ќе ви падне овој монтиран случај, за ова ќе одговарате диктатори, ќе паднете. Ова се реакциите на семејствата на обвинетите во случајот „Музеј“ на затворските казни коишто ги изрече судот во петокот, јавува репортерот на Макфакс од судницата .
Највисока казна затвор од 8,8 години му беше изречена на поранешниот директор на Музејот на Македонија, Перо Јосифовски. Златарот Часлав Кузмановиќ е осуден на казна затвор од 7,8 години, а програмскиот директор на музејот е осуден на затвор од 6,8 години.
Ракувачот на депото на музејот, Софка Кушовска Сафитли е осудена на 3 години затвор. Членот на комисијата за откуп на музејски материјал, Јован Кондијанов, исто така, е осуден на 3 години. Директорот на музејот, Дарко Кржоски и членот на комисијата Андреј Ежов се осудени на по една година затвор.
Обвинителката Лиле Стефановска не присуствуваше на изрекувањето на пресудата..
Кратците на 162 артефакти останаа непознати, а обвинетите се товарат дека поради несовесно работење дошло до кражба на артефактите.
Само на еден од четворицата обвинети кои се во притвор му е укината оваа мерка, додека тројца обвинети и претходно се бранеа од слобода. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.